top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајда за одлуката на Ѓоковиќ: Многу сум изненаден…

12.04.2024 April Petok

Новак Ѓоковиќ се уште чека на првата титула во оваа 2024 година со тоа што во меѓувреме одлучи да ја прекине соработката со тренерот Горан Иванишевиќ со кого имаше одлична соработка во изминативе сезони.

Овој потег на првиот светски рекет беше изненадување за многумина, па и за неговиот поранешен тренер Марјан Вајда.

-Тоа не го очекував. Прочитав во медиумите како и сите други, така што моето мислење се базира само на она што го прочитав. Бев прилично изненаден бидејќи Новак секогаш добро се согласуваше со него во последните години, тој беше дел од тимот. Можеби притисокот на кој се изложени тренерите, за кој претходно зборував, стана напорен и за Иванишевиќ. Ама не сум сигурен, -истакна Вајда кој говореше за притисокот со кој се соочуваат тренерите.

-Секогаш сме патувале, од еден континент на друг. Секогаш морав да се збогувам со моето семејство не знаејќи колку долго ќе отсуствувам. Притисокот на турнирите беше многу силен, дури и за мене. Знаете во тенисот тренерот е постојано под лупа. Притисокот на овој спорт е исцрпувачки дури и за тренерот. Во фудбалот кога некој тим губи, никогаш не е поединец виновен, не гледате како тренерот се подготвувал за тој натпревар. Кога тенисер губи, тренерот веднаш се става под знак прашалник. -порача Словакот.


5 views

Comments


bottom of page