top of page

Вашингтон со страшна шутерска вечер за АБА рекорд, Партизан победи на гостувањето кај Крка

22.12.2025 Dekemvri Ponedelnik

Партизан славеше на гостински терен против Крка (92:99) во натпревар од АБА лигата, кој ќе биде запаметен по неверојатниот настап на Двејн Вашингтон.

Американецот во редовите на гостинската екипа го заврши дуелот со дури 48 поени со висок процент на реализација и постави АБА рекорд во однос на постигнатите поени на еден натпревар.

Вашингтон имал уште и 3 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки за 46 индексни поени и јасна МВП улога во триумфот над словенечкиот ривал, а го израмнил и рекордот на АБА лигата со 10 погодени тројки.

Инаку, Партизан немаше лесно гостување во Словенија, домаќинот имаше двоцифрена предност во вториот и третиот период, но во последниот успеа да издоминира благодарение на Вашингтон и на крајот забележа посакуван резултат.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page