top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вацке тврди: Најлесно е да се преговара со Реал, Белингам ќе ги чини многу повеќе од 103 милиони евра

30.05.2024 Maj Cetvrtok

Борусија Дортмунд ќе добие 25 милиони евра од Реал Мадрид ако загуби во саботното финале во Лигата на шампионите, но тоа е само еден од многуте бонуси кои се вклучени во договорот на Џуд Белингам.

Англиската суперѕвезда го напушти великанот од Германија минатото лето во трансфер кој првично изнесуваше 103 милиони евра, меѓутоа Ханс Јоаким Вацке тврди дека целосниот пакет изнесува многу повеќе.

Главниот оперативец на Борусија со голем оптимизам влегува во големото финале кое ќе се игра на „Вембли“ и верува дека Борусија може да го победи било кој тим на еден натпревар, но во интервјуто за „АС“ зборуваше и за трансферот на Белингам од кој неговиот клуб допрва ќе профитира.

– Најлесно е да се преговара со Реал Мадрид, станува збор за џентлменски клуб воден од неверојатен шеф како Флоретино Перез. Беше јасно дека Џуд Белингам ќе си оди само за Реал Мадрид.

– Висината на трансферот? Ако беше само 103 милиони евра, тоа ќе значеше дека сме минале лошо. За мене, не постоеја пари на светот со кои можеа да се купат Џуд и Халанд, но кога сакаат да си одат, морате да ги ослободите. Сепак, кога се согласивме на такво нешто, гледавме да профитираме најмногу што можееме. Целата операција за Белингам е многу повеќе од 103 милиони евра, – вели Вацке, кој во продолжение се осврнува на финалето.

– Јасно е дека Реал Мадрид е голем фаворит, но токму тоа е она што не мотивира. Видете што се случи во Даблин. Од десет одиграни натпревари, сигурен сум дека Баер Леверкузен ќе победи на осум против Аталанта, но Аталанта играше како да игра на последниот меч во животот. Тоа ни треба за да го победиме Реал. Никој не ставаше ниту еден цент на нас против ПСЖ, а ги победивме на двата меча. Реал е фаворит поради својата историја, никогаш не загубил финале во Лига на шампиони, но за се постои првпат, – завршува Вацке.


1 view

Comments


bottom of page