top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вацке за најголемиот кошмар во 2023. година: Не знам каде ќе беше Реал без головите на Белингем

Ханс Јоаким Вацке како извршен директор на Борусија Дортмунд даваше отчет за сработеното во текот на 2023-та година, поглавје кое ќе го памети по најтешкиот удар во својот мандат.

Главниот оперативец на Борусија заклучи дека завршното коло од минатата сезона бил најголемиот кошмар кој го доживеал во животот, кога Борусија ја прокоцка предноста во последната рунда и со реми против Мајнц му дозволи на Баерн да ја освои титулата.

– Нема што да се крие, тоа беше најужасниот ден во мојот живот. Такви работи знаат да уништат еден клуб, или да го парализира со години. Но, ние сме пресилни и одиме напред.

Вацке во својот говор го потенцирал и неиграњето на Џуд Белингем, кој го пропушти завршното сценарио поради повреда.

– Не е лесно да дознаете таква работа на четири часа пред стартот на мечот. НА четири часа пред да се реши титулата, ние дознавме дека нема да може да сметаме на играч како Џуд Белингем. Не знам каде ќе беше сега Реал Мадрид без неговите 14 гола во досегашниот тек на сезоната, – потенцирал Вацке.


1 view

Comments


bottom of page