top of page

Ватикан со апел до посетителите да не го фотографираат ковчегот на папата Франциск

26.04.2025 April Sabota

Ватикан упати апел до посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ да не го фотографираат ковчегот со телото, наведувајќи дека станува збор за момент на пиетет, а не за „претстава“.

Претставници на Ватикан ги предупредуваат верниците да ги остават телефоните и да не прават селфи додека минуваат покрај дрвениот ковчег во кој е положено телото на Папата.

„Посетителите се замолуваат да не фотографираат“, објави портпаролот за британскиот „Тајмс“, додека извор од Ватикан додаде дека „фотографирањето не е во духот на почитувањето“.


 
 
 

Comments


bottom of page