top of page

фото и видео Ватикан: Ватикан објави дека папата Франциско почина од мозочен удар и срцево затајување

Updated: Apr 24

21.04.2025 April Ponedelnik

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со електрокардиограм“, пишува во изводот на смртта потпишан од директорот на Одделот за здравје и хигиена на Ватикан, професор Андреа Аркангели.

„Потврдувам дека Неговата Светост Франциско (Хорхе Марио Бергољо), роден во Буенос Аирес (Аргентина) на 17 декември 1936 година, жител на Ватикан, државјанин на Ватикан, почина во 7:35 часот на 21 април 2025 година, во неговиот стан во резиденцијата Санта Марта“, напиша тој.

Аркангели наведува дека папата по мозочниот удар прво паднал во кома, а потоа починал. Причините за смртта се „мозочен удар“, „кома“ и „неповратна кардиоциркулаторна инсуфициенција“, се вели во соопштението. Во документот се додаваат и претходните здравствени проблеми на папата, „епизоди на акутна респираторна инсуфициенција со билатерална мултимикробна пневмонија, хипертензија и дијабетес тип II“.

Папата Франциско почина околу 90 минути откако утрово го разбудил будилникот, јавија италијанските медиуми. Тој наводно се разбудил кога алармот му се вклучил во 6 часот, му се слошило во 7 часот наутро, а починал од мозочен удар во 7:35 часот, пишува „Кориере дела Сера“. Лекарите претходно објавија дека тој „починал мирно“.






















Сликан и композиторот и диригент Сашо Татарчевски со папата Франциск во Македонија во градот Скопје 2019 кога папата не посети

 
 
 

Comments


bottom of page