Вардар ќе биде 40 проценти посилен во следната сезона, ова е составот и потврдените засилувања
04.06.2021 Juni Petok
Екипата на Вардар од наредната сезона ќе биде предводена од нов тренер, многу добро познато име на овие простори и пошироко-тоа е легендарниот Веселин Вујовиќ.
Вујовиќ се одлучи да го прифати повикот, предвизвикот и по трет пат на седне на кормилото на „црвено-црните“. Претседателот Михајло Михајловски е задоволен што Вујовиќ одново ќе го води клубот кој според него ќе биде 40 проценти посилен од сегашниот во наредната сезона.
-Вардар ќе биде за 30 проценти посилен следната сезона, плус ако го додадеме и тренерот Вујовиќ, тогаш за 40 проценти посилен, -изјави Михајловски на денешниот прес.
Воедно беше објавен списокот на играчи на кои Вардар ќе смета во иднина, а меѓу нив се шест засилувања и тоа Мартин Томовски и Али Сафар, потоа Дарко Ѓукиќ, Едуардо Гурбиндо, Анте Кудуз и Џереми Тото.
Се очекува да бидат ангажирани уште неколку играчи, но во моментов ова се играчите кои Вујовиќ ќе ги има на располгање.
ГОЛМАНИ: Мартин Томовски Борко Ристовски Васил Гогов Али Сафар
ЛЕВИ КРИЛА Тимур Дибиров Јан Чувара Димитар Димитриоски
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски Дарко Ѓукиќ Ален Ќосевски
КРУЖНИ НАПАЃАЧИ: Стојанче Стоилов Патрик Валчак Џереми Тото
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески Марко Мишевски Анте Кудуз
СРЕДНИ БЕКОВИ: Анте Гаџа Мартин Карапалевски Стефан Крстевски
ДЕСНИ БЕКОВИ: Едуардо Гурбиндо Томислав Јагуриноски Давид Савревски
Comments