top of page

Вардар ја отвори регионалната лига со победа над Војводина

18.08.2026 Avgust Vtornik

Македонскиот шампион Вардар ја оствари првата победа во новоформираната ракометна регионална лига, совладувајќи ја Војводина со 36:30.

Двете екипи се подготвуваат за новата сезона во Охрид, а денеска одиграа официјален натпревар во салата во СРЦ „Билјанини Извори“, на кој црвено-црните остварија рутинска победа.

По израмнетиот почеток, Вардар до полувремето направи предност од 20:15 и најави дека ќе оди на сигурна победа, а тоа го потврди до крајот со конечни 36:30.

Љевар и Да Силва беа најефикасни кај македонскиот претставник со по 6 голови на оваа средба.

Двете екипи од утре ќе учествуваат на традиоционалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој се најавени осум екипи поделени во две групи.


 
 
 

Comments


bottom of page