Вардар со пораз ја отвори новата сезона во СЕХА Лигата
Ракомтарите на Вардар забележаа пораз на првиот натпревар во СЕХА лигата против тимот на Нексе.
Ракометарите од Нашице славеа на гостувањето во Скопје со 25:24 и му нанесоа пораз на Давид Дејвис во своето деби како тренер на „црвено црните“.
Нексе одигра многу подобро во првиот дел во кој имаше и плус четири позитива, а на пауза замина со предност од 13:11.
Вардарци на самиот старт на второто полувреме се консолидираа, дојдоа и до предност од 15:11 која брзо потоа ја загубија, па натпреварот влезе во една резултатска нишалка по која двете екипи се менуваа во водството.
Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Нексе, Мелиќ со шест постигнати голови, додека Јагањац од Нексе и Куни Моралес и Тимур Дибиров од Вардар завршија со по пет постигнати голови.
Comments