top of page

Вардар се засили со египетски репрезентетивец

15.04.2026 April Sreda

Ракометниот клуб Вардар денеска потврди ново засилување за следната сезона, во која црвено-црниот дрес ќе го носи и Мохаб Абделхак.

Египетскиот десен бек има 23 години и доаѓа од редовите на Кил, а зад себе веќе има сериозно интернационално искуство.

Абделхак е сениорски репрезентативец на Египет и важи за голем потенцијал во својата генерација, па би требало да биде сериозно засилување за Вардар на надворешните позиции.

– Новиот член на „црвено-црните“ својата кариера ја градеше во силна и препознатлива средина. Првите големи чекори ги направи во Ал Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, каде што продолжи да се развива во едно од најквалитетните европски првенства. Добрата игра во Франција му донесе и трансфер во Кил, клуб кој официјално го претстави како млад египетски репрезентативец и значајно засилување за составот.

– Со неговото доаѓање, Вардар добива играч со силен шут, современ профил за десен бек и ракометар кој веќе почувствувал што значи настапување во врвни европски клубови и натпреварувања. Воедно, клубот добива и дополнителна ширина во ростерот за предизвиците што следуваат, – стои во соопштението на РК Вардар 1961.

– Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати, изјави Абделхак за својот нов клуб.


 
 
 

Comments


bottom of page