Search
Вардар рутински до победа над Тиквеш
- Aleksandar Santovski
- May 23
- 1 min read
22.05.2026 Maj Petok
Новиот македонски ракометен шампион Вардар, забележа победа (36:26) над Тиквеш во претпоследното коло од плејофот во машката Супер лига.
По потврдата на шампионскиот статус во сезоната 2025/26, Вардар загуби од ГРК Охрид, но сега не дозволи нов негативен резултат во серија и рутински славеше над составот од Кавадарци.
На полувреме Вардар имаше предност од 20:12, а тренерот Чупиќ со многу ротации немаше проблем да го води својот тим до уште еден триумф пред крајот на сезоната.
Атанасовски со 6 голови беше најефикасен во редовите на Вардар, додека Лазов со 7 голови се истакна кај поразениот состав.






Comments