top of page

Вардар потпиша со лев бек кој е кадетски репрезентативец

02.06.2026 Juni Vtornik

Кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим, објавија од клубот.

Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава.

Својата кариера ја започна во академија Алушовски, а потоа беше дел од Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет.“За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот”- изјави Ѓорчески.

Со овој потпис, Вардар продолжува во своите намери во иднина најдобрите млади играчи во државата постепено да ја добиваат својата шанса во првиот тим, каде ќе добијат простор и соодветен третман да го трасираат својот пат во врвниот ракомет.


 
 
 

Comments


bottom of page