Вардар повторно грешеше па загуби во Сегедин од Пик Сегед
18.11.2021 Noemvri Cetvrtok
Екипата на Вардар претрпе нов пораз во Лигата на шампионите, овојпат од Пик Сегед кој славеше пред својата публика со 34:31.
Домаќините играа со дополнителен мотив затоа што ова беше нивниот последен меѓународен натпревар во старата арена во Сегедин.
Пик Сегед уште од стартот на натпреварот имаа предност, а Вардар постојано бркаше негатива и стигнуваше до израмнување, а на крајот немаше сили да остане непоразен во Сегедин.
Причината за тоа уште еднаш беа преголемите индивидуални грешки во нападот кои домаќинот успеа да ги искористи и да ги претвори во сигурни погодоци на спротивната страна.
Мартин Томовски беше најзабележителен во таборот на Вардар со 13 одбрани, а голгетерски добар беше Дибиров кој постигна седум гола, но не реализира неколку зицери. Анте Гаџа погоди шест пати додека Ѓукиќ пет пати се запиша во листата на стрелците.
На спротивната страна перфектен беше Себастијан Фримел со девет голови од исто толку обиди, а Тенесен застана на осум погодоци.
Ова за Вардар е четврт пораз во серија во Лигата на шампионите и ќе остане на 6. позиција на табелата со пет освоени бодови.
Comments