top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар падна во второто полувреме, шампионот им се врати на победите во ПМФЛ

Фудбалерите на Струга Трим Љум славеа над Вардар со 4-0 во заостанатиот меч од петтото коло во Првата македонска лига.

Стружани пред неколку дена доживеаа неочекуван пораз од Гостивар (2-1), па денеска императив за нив беше да се освојат трите бода, цел која ја остварија со фуриозно второ полувреме.

„Црвено-црните“ ја сочуваа својата мрежа во првиот дел, но по паузата се распаднаа почнувајќи од 56 минута кога Ибраими го отвори резултатот. Потоа се беше полесно за актуелниот првак кој преку Мазрекај, Таири и Јаровиќ го докусури составот од Скопје.

Струга со 24 бода е на 3. место на табелата, Вардар пак со 11 поени е на последната 12. позиција.


1 view

Comments


bottom of page