top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар „олеснет“ за 5000 евра за пиротехничкото „шоу” на „Комитите“

17.10.2024 Oktomvri Cetvrtok

Вардар за три дена има важен натпревар со Беса 1976 во Првата македонска лига, а во пресрет на истиот клубот информираше дека заработил казна од ФФМ поради употреба на пиротехника на претходниот лигашки меч со Струга Трим Љум.

Поради употреба на пиротехнички средства на „Комитите“, црвено-црните“ се санкционирани со 5000 евра.

Само за потсетување Вардар го загуби тој натпревар со убедливи 4-1. Поранешниот македонски шампион се наоѓа на претпоследното место со само седум освоени бода по девет одиграни кола.


2 views

コメント


bottom of page