top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар одигра перфектно прво полувреме и ја освои Автокоманда

11.03.2024 Mart Ponedelnik

Алкалоид беше тимот кој лани го остави Вардар без шанси да се бори за титулата, па „црвено-црните“ имаа голем мотив на денешното гостување во Автокоманда, на кое одиграа вонсериско и перфектно прво полувреме.

Избраниците на Владо Недановски беа максимално инспирирани и во првите 30 минути беа за две класи подобри од домаќините предводени од Кирил Лазаров, па резултатот 8:16 најдобро опишува што се случуваше на теренот во тој период.

Алкалоид го поправи своето лице во продолжение и успеа да дојде до минус четири при резултат 20:24, но „вардарци“ не се поколебаа и знаеја како да го одбранат големото водство стекнато во првиот дел.

Вардар на крајот победи со 23:27 и му го нанесе вториот пораз на Алкалоид во разигрувањето, што прави битката за титулата да биде уште повозбудлива.

Мартин Серафимов постигна седум гола од пенал и со вкупно осум гола беше најефикасен играч на паркетот, додека еден помалку постигна Марко Срдановиќ од редовите на Вардар.

Со оваа победа, Вардар сега брои 12 бода на табелата, а исто толку има и Алкалоид кој врза два порази во низа.


1 view

Comments


bottom of page