top of page
Search

Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Фудбалскиот клуб Вардар ова попладне ја одржа вонредната прес-конференција насловена „пет до 12“, со која буквално се даде илустрација за тоа како градот Скопје и надлежните институции ги игнорираат сите проблеми со кои се соочува најтрофејниит клуб во земјата.

Милорад Миленовски како претставник на „Комити“ го водеше денешното обраќање и одзема најголем дел од времето, бидејќи на јавноста и медиумите им откри дека тие воделе преговори со странска фирма која е подготвена да инвестира во Вардар, но игнорантскиот однос на државата и градот Скопје засега ги усложнуваат работите.

– Часот во Вардар веќе подолго време е „5 до 12“ и затоа така ја нарековме оваа прес-конференција. За нас тука е зачудувачки односот кој го има нашата држава кон ФК Вардар. Странски инвеститор е подготвен да инвестира 18 милиони евра, а со таа инвестиција би се покрил и основниот долг кој изнесува околу 3 милиони евра. Сепак, игнорантскиот однос ги компликува работите, државните институции се однесуваат игнорантски и ние не знаеме колку точно изнесува долгот на ВАрдар.

– Уште од 27-ми јуни бараме одговор со доставени барања, но не добиваме ниту од ПУИГ, ниту од УЈП, а ниту од премиерот на владата. Државата треба да се запраша дали со игнорантски однос се привлекува било каков инвеститор. Ние сами не можеме да донесеме таков голем инвеститор, мора државата да помогне околу тоа, – изјави Миленковски.

– Можам да ви потврдам дека водиме преговори со странскиот инвеститор, но поради договорот за дискреција, нема да откриваме повеќе детали. Ние може да преговараме, но за зделката да се реализира, мора да има помош и вклучување од државата и сите важни институции, – дополни Миленковски.


 
 

Comments


bottom of page