Вардар најавува „бомба“: Големото летно засилување веќе е во Скопје (Фото)
- Aleksandar Santovski
- May 29
- 1 min read
28.05.2026 Maj Cetvrtok
Вардар ја освои титулата во домашното првенство и направи заверка на истата со голема победа против Шкендија, но управата на клубот нема време за чекање и мора да го засили тимот во пресрет на европските предизвици ова лето.
Извршниот директор Миленко Неделковски уште пред последното коло најави големо засилување во име на фудбалер кој оствари фудбалска историја во својата репрезентација, а денеска трансферот го најави и Вардар како клуб.
Жерсон Родригез Кореаја Леал веќе е во Скопје и наскоро треба да го потпише договорот со Вардар, односно тоа ќе се случи откако ќе ги мине потребните медицински прегледи.
Станува збор за докажен фудбалски мајстор кој со години ги бранеше боите на Динамо Киев, игра на позицијата офанзивен играч за врска, а главна одлика му се головите и асистенциите.
Жерсон е најдобар голгетер во историјата на фудбалската репрезентација на Луксембург, а воедно беше и првиот репрезентативец од оваа земја која настапи во групната фаза во Лигата на шампиони.
Офанзивниот фудбалер има 30 години и се очекува да биде големо засилување за Вардар во пресрет на европредизвиците, но и за наредната натпреварувачка сезона.






Comments