top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар мерка бек со големо бундеслигашко искуство

Екипата на Вардар 1961 не се прослави во минатата сезона во која единствената светла точка беше освојувањето на Купот на Македонија, односно освоено трето место во домашниот шампион беше јасен сигнал дека мора нешто да се менува во клубот. „Црвено-црните“ веќе активно бараат засилувања, некои играчи се договорени иако официјална потврда од клубот нема, ама се работи за склопување на квалитетен, компетитивен тим од кој дел може да биде и српскиот интернационалец, Немања Зеленовиќ. Зеленовиќ е играч со големо бундеслигашко искуство, има настапувано за Гумерзбах, Магдебург и Гепинген, односно осум години играше во Германија. Тој претходно беше дел од Висла Плоцк, Целје и Црвена Звезда и ако се остварат најавите на „Моцарт Спорт“ за негово доаѓање во Скопје тогаш двократниот европски првак ќе добие сериозно засилување на десната бековска позиција. Вардар веќе има неколку српски ракометари во своите редови, тука е староседелецот Дарко Ѓукиќ на кого летово му се приклучија Стефан Петриќ и Марко Срдановиќ.


0 views

Comments


bottom of page