Вардар и Кожув остануваат во домашната кошаркарска елита
25.04.2024 April Cetvrtok
Екипите на Кожув и Вардар и во наредната сезона ќе играат во најсилната домашна кошаркарска лига.
Имено овие два состави и официјално го обезбедија опстанок по денешните победи над Охрид и Навико Академија ФМП.
Кожув на гостински терен го разби Охрид со 89:55 во средба во која ги доби сите четири четвртини. Караџовски беше прв стрелец со 19 поени, Иванов додаде 15, Караколев 14, а Митевски 13 кошеви. Во домашната екипа Бојовски постигна десет поени.
Во Скопје пак, Вардар во мечот за одлука славеше над Навико Академија ФМП со 85-72.
„Црвено-црните“ имаа повеќе расположени кошаркари, Хот беше во елемент со дабл-дабл од 24 поени и 17 скока, Фуџет пак реализираше 21 поен.
Петровски со 19 кошеви беше прв стрелец кај поразените.
Comments