top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет и Металург со европски настап

РАКОМЕТ

Вардар, Пелистер Еурофарм, Пролет и Металург се екипите што следната сезона ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена. Домашното првенство заврши минатата недела, а Вардар, кој по 14-ти пат стана првак, обезбеди директен пласман во групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ). Еурофарм Пелистер одново ја освои вицешампионската позиција, па според досегашните критериуми на Европската ракометна федерација (ЕХФ), би требало да добие директен пласман во групната фаза во Лигата на Европа (ЛЕ). Место во ЛЕ обезбедија и Пролет и Металург, кои завршија на третата, односно четвртата позиција по плејоф-разигрувањето. Според досегашниот критериум на ЕХФ, патот кон групната фаза во новоформираното натпреварување ќе го започнат во првото или во второто квалификациско коло. Прилеп и Тиквеш сезонава обезбедија опстанок во елитното друштво, а Скопје е новиот суперлигаш како првопласиран во Првата лига. Радовиш, кој заврши трет во плејаутот, одигра бараж-дуел со второпласираниот прволигаш Шампиони и се избори за опстанок во Суперлигата. Екипите на Голден Арт -КЛ7, Работнички, Јуниор К.В., Младост и Астраион го загубија суперлигашкиот статус и следната сезона ќе бидат дел од Првата лига.


2 views

Comments


bottom of page