Вардар го промовираше својот нов спонзор, договорена е тригодишна соработка
09.04.2024 April Vtornik
Ракометниот клуб Вардар денеска на прес-конференција ја промовираше соработката со германската компанија „Кемпа“, по што „црвено-црните“ ќе носат опрема на овој производител наредните три години.
Договорот подразбира користење на опремата на „Кемпа“ и во сите младински категории на РК Вардар, а претставник на германскиот бренд во Скопје, бил Тим Гротхаус.
– Особено ми е драго и чест што можеме денеска да ја потврдиме нашата соработка со најдобриот македонски ракометен и спортски бренд Вардар. Во следните години, „Кемпа“ ќе биде официјалниот снабдувач со спортска опрема на Вардар, за сите нејзини членови, од најмладите, па се до сениорскиот тим, и истовремено дел од клупските пријатели.
– Среќни сме што Вардар влегува во семејството на „Кемпа“. Верувам дека нашата соработка ќе биде долгорочна и плодна, исполнета со многу успеси на кои заеднички ќе се радуваме. Нашата визија да бидеме со најдобрите и да се прошируваме на нови места, ни се исполни со оваа соработка со Вардар, изјавил Гротхаус.
– Чест и задоволство е што успеавме да споиме два бренда во една соработка. Соработката со Кемпа носи многу за Вардар. Ова е тригодишен договор, пријателски, спонзорски, и на долги патеки соработка. На изглед носи соработка која ќе биде како додадена вредност, изјави Борко Ристовски, извршниот директор на Вардар.
Comments