top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар го потврди и третото летно засилување, но испрати и нов апел до навивачите (Фото)

„Комити“ со својата акција за спасување на Вардар се обидуваат да обезбедат нормално функционирање на клубот и тоа се случува со купување на сезонските билети, а дел од тие пари се пренемаенуваат и за трансфери.

Вардар во изминатиов период ги потврди Владица Брдаровски и Матеус Лемос Да Силва, а денеска го соопшти и името на третото летно засилување за новата натпреварувачка сезона.

Повратникот во македонската елита ќе има за цел да ја избегне опасната зона и да има една мирна сезона во секој поглед, нешто што ќе се случи со дополнилтелен број купени членски карти.

Во своето соопштение, Вардар му посака среќа на 23-годишното крило Лука Трајковски, кое има забележано повеќе од 100 настапи во Првата македонската фудбалска лига.

– 23 годишниот крилен играч Лука Трајкоски е трето засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Во својата досегашна кариера има настапувано за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров забележувајќи над 100 настапи во првата македонска фудбалска лига. Му посакуваме успешни настапи и многу победи во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

– Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот!, – гласи објавата на „црвено-црните“.



1 view

Comments


bottom of page