Search
Вардар го победи Алкалоид за ново Куп финале со Еурофарм Пелистер
- Aleksandar Santovski
- May 11, 2023
- 1 min read
Вардар во сабота ќе го брани трофејот во македонскиот ракометен Куп, откако во денешното полуфинале го совлада Алкалоид со 31:22.
Со одличниот Томовски на голот, „вардарци“ наметнаа ритам на теренот и уште на полувреме имаа солидна предност од 14:9.
Алкалоид во вториот дел успеа во еден момент да намали на три гола негатива, но избраниците на Кире Лазаров немаа сили за повеќе и на крајот останува да чекаат друга шанса за прв настап во финалето на националниот Куп.
Најрасположен на теренот беше Манасков, кој постигна дури 12 гола, додека Серафимов со 6 погодоци беше најдобар реализатор во редовите на Алкалоид.
Во саботното финале во Охрид на програмата ќе биде уште едно големо дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Comentários