top of page

Вардар го најде новиот тренер во Аргентина, потпишува на две години!

Екипата на Вардар следната сезона ќе има нов тренер. Гоце Седлоски, кој во моментов работи двојна улога, ќе остане фокусиран на репрезентацијата, а клупата на црвено-црните ќе ја преземе Аргентинец.

Кристијан Фабиани, аргетнински стратег кој работеше во Њуелс Олд Бојс, е на пат кон Македонија за да потпише договор со најтрофејниот македонски клуб и моментален лидер во ПМФЛ. Договорот меѓу Вардар и Фабиани ќе биде на две години.

Инаку, Кристијан Фабиани е поранешен аргентински фудбалер, има настапувано за повеќе клубови, а најголемиот е Ривер Плејт. Најмногу мечеви, пак, има за Ланус.

Кариерата Фабиани ја заврши во 2020 година, а како тренер досега покрај Њуелс Олд Бојс ги водеше и Феникс Де Пилар, Депортиво Риестра и Депортиво Мерло, сите од Аргентина.


 
 
 

Comments


bottom of page