top of page

Вардар го доби ривалот за четвртфиналето на Европската лига ракомет

07.04.2026 April Vtornik

Македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 го доби ривалот за четвртфиналната фаза на Европската лига на ЕХФ.

„Црвено-црните“ се изборија за директен пласман во Топ 8, а вечерва дознаа кого мора да добијат ако сакаат место на завршниот турнир во ова натпреварување.

Тоа е Монпелје, тим кој денеска загуби во Норвешка кај Елверум со 35:31, пораз кој не значеше ништо кога е во прашање вкупниот резултат затоа францускиот прволигаш на домашен терен триумфираше со 36:24.

Вардар и Монпелје ќе играат за Ф4 на крајот на овој и почетокот на наредниот месец, првиот меч ќе се игра во Франција, додека реваншот е во Македонија.


 
 
 

Comments


bottom of page