top of page

Вардар ги отвори вратите на мечот кој може да значи титула!

30.03.2026 Mart Ponedelnik

Екипата на Вардар 1961 на домашен терен ја очекува дерби со ГРК Охрид, а раководството на клубот реши да ги покани сите навивачи во сала.

Влезот за љубителите на ракометот на оваа пресметка е слободен. Се очекува црвено-црните да добијат солидна поддршка, во дуелот кој може да значи титула, затоа што ГРК Охрид е еден од конкурентите во горниот дел на табелата.

Мечот меѓу Вардар 1961 и ГРК Охрид се игра на 2 април од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.


 
 
 

Comments


bottom of page