top of page

Вардар ги започна подготовките за новата сезона, сите седум засилување се појавија на првиот тренинг (ФОТО)

Jul 18, 2024
1 min read

18.07.2024 juli Cetvrtok

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар 1961 ги започна подготовките за натпреварувачката 2024/2025, сезона во која клубот освен на домашната ќе игра и на меѓународната сцена и тоа во Лига Европа.

Тимот на „црвено-црните“ е доста променет, освежен, досега се доведени седум нови имиња (Дмитро Горига, Марио Танкоски, Младен Крсманчиќ, Томче Стојановски, Ашреф Мергали, Ларс Коиј, Мигел Пинто) кои се појавија на првиот тренинг, а се очекува наскоро да биде и ангажиран квалитетен голман кој ќе ја пополни празнината која настана со заминувањето на Томовски во Германија.

Освен Томовски си заминаа Јасухира, Карапалевски, Мишевски и Ѓукиќ.

Вардарци првиот дел од подготовките ќе ги одработат во Скопје, потоа од 26 јули до 3 август ќе се преселат во Маврово, а она што е досега сигурно е дека тимот ќе настапи на турнирите во Струга (14 до 17 август) и Охрид (20 до 24 август).


 
 
 

Comments


bottom of page