Варан објави пензија, но веќе го најави и својот следен предизвик во кариерата
25.09.2024 Septemvri Sreda
Рафаел Варан заработи тешка повреда на самиот старт на сезоната во италијанската Серија А, а бидејќи слични проблеми го следеа подолго време, Французинот денеска ја потврди веста која кружеше во јавноста веќе некое време.
Варан реши да стави крај на маките и објави дека се пензионира од професионалното играње фудбал на само 31 година, што дефинитивно е принудна одлука како последица на се она што му се случи откако се пресели во Манчестер Јунајтед.
Честите проблеми го натераа Варан да направи чекор назад и да се повлече од професионалните води, но како што вели самиот, не планира да го остави Комо на цедило.
Италијанскиот клуб направи сериозен напор за да го доведе ова лето, па целта на двете страни сега е да се продолжи соработката во некоја поинаква улога.
Варан самиот потврди дека останува да биде дел од Комо во „некоја друга улога“, а набрзо се очекува да пристигне официјална информација за функцијата која ќе ја извршува во клубот.
Комо вчера ја запиша првата победа во Серија А со пресвртот против Аталанта, тренер е легендарниот Сеск Фабрегас, а еден од косопствениците е и Тјери Анри.
Comments