top of page

Варан не го дели ставот на Тен Хаг: Се е возможно, одиме натпревар по натпревар!

Манчестер Јунајтед бележи одлични резултати со тоа што последниот беше против актуелниот англиски шампион Манчестер Сити кој беше совладан со 2-1 на „Олд Трафорд“.

Ваквите изданија ги донесоа „црвените ѓаволи“ на само еден бод од второпласираниот Сити, па ова придонесе да се развие дебата за тоа дали јунајтед може да го освои пехарот во Премиер лигата. Менаџерот Ерик Тен Хаг порача дека тоа е многу тешки, поточно за тоа можат да сонуваат само навивачите, но овој негов став не го дели стоперот Рафаел Варан.

-Се е возможно, одиме натпревар по натпревар. Ова е долг пат и тоа е многу тешко. Интензитетот на секој натпревар е неверојатен, физичкиот напор. Ова е како ист интензитет на голем натпревар во Лигата на шампионите, секој натпревар. Ритамот е многу висок. Играчите се многу добро подготвени, физички. Знаеме колку е тешко. Но, ние сме цврсти, силни сме. Треба само да ги искористиме квалитетните играчи со топката, -порача Французинот на кого му е драго што успеале да го победат градскиот ривал.

-По првиот гол, не ги спуштивме главите иако примивме гол на домашен терен. Ама знаевме и дека ја имаме енергијата на навивачите. Продолживме да го следиме нашиот план. Потоа постигнавме гол и тоа ја смени целата игра. Олд Трафорд е стадион со прекрасна атмосфера. тоа е неверојатно. На крајот почувствував поврзаност со навивачите. Навистина сакаме да победиме и да го направиме тоа против голем ривал, во нашиот дом. Со ова живееме посилно. Беше убаво, -заклучи Варан.


 
 
 

Comments


bottom of page