ВАР судијата кој не сугерираше проверка на црвениот картон на Мак Алистер, доби два натпревари во сл
ВАР судијата кој не сугерираше проверка на црвениот картон на Мак Алистер, доби два натпревари во следното колоФановите на Ливерпул одамна сметаат дека судијата Пол Тирни има нешто против нивниот клуб и Јирген Клоп, а таквиот впечаток дефинитивно се засили по последниот натпревар против Борнмут.
Алексис Мак Алистер доби црвен картон за старт за кој најмногу можеше да добие жолт, а Тирни како главен ВАР судија не го повика колегата на теренот да ја провери видео снимката и уште еднаш да размисли за својата одлука.
Додека Ливерпул испрати барање за поништување на картонот, фановите бараа казни за официјалните лица, Тирни си доби два натпревара во претстојното премиерлигашко коло.
Покрај тоа што ќе биде главен судија на дуелот меѓу Арсенал и Фулам во сабота, еден ден порано Тирни ќе биде главен во ВАР собата за средбата меѓу Челси и Лутон.
Ваквата информација денеска дополнително ги испровоцира фановите на „црвените“, кои се надеваат дека Тирни барем ќе биде оддалечен од натпреварите на нивниот тим во иднина.
Comments