Ван Хал во свој стил на промоцијата: Да бев во холандската федерација ќе го сторев истото
17.08.2021 Avgust Vtornik
70 годишниот Луи Ван Хал ја прекина пензијата и се реши да се врати во фудбалските води и да ја прифати понудата од фудбалската федерација на Холандија по трет пат да ја води репрезентацијата на „лалињата“. Ван Хал ќе го замени Франк де Бур кој не се покажа како најдобро решение по заминувањето на Роналд Куман кој ја поткрена атмосферата во репрезентацијата по неколкуте неуспешни квалификациски циклуси. Сега Ван Хал ќе ја има задачата повторно да ја врати позитивната атмосфера во холандскиот табор, а барем според зборовите на првата прес конференција, искусниот стратег е убеден дека тој е вистинскиот човек за да го стори тоа нешто. – Ова не го правам за мене, туку за холандскиот фудбал. Секогаш правев се за да помогнам на холандскиот фудбал. Морам да изразам голема благодарност и до луѓето во федерацијата, статусот кој го имам како стратег е благодарение на нив. – Во овој момент и јас да бев дел од фудбалската асоцијација на Холандија ќе го сторев истото и ќе се ангажирав сам за оваа позиција. Кој друг може да помогне? Можеби ќе звучи како мелодрама, но мислам дека имам искуство и сметам дека тоа во моментов е многу важно затоа што ние воопшто немаме време, -изјави Ван Хал. Стратегот ќе го има своето трето деби на клупата на „лалињата“ на 1. септември кога ќе игра квалификациски натпревар против Норвешка во Осло, а потоа ќе се соочи со Црна Гора и Турција на дмашен терен.
Comments