top of page
Search

Ван Бастен со критики за Ван Дајк: Чудно е тоа што се случува со него

Холандија продолжи да реди победи и со последниот триумф над Белгија се пласираше во фанјал-форот во Лигата на нации, но двете последни изданија на селекцијата донесоа пофалби за многу играчи, но и критики за најважната ѕвезда во одбраната.

Легендарниот Марко Ван Бастен не е задоволен од тоа како изгледа Вириџ Ван Дајк во последно време, но од друга страна, не штедеше комплименти за играчот кој му го украде местото на Матијс Де Лихт во стартната постава.

Луи Ван Гал го постави Јуриен Тимбер како стартер на последните два меча, што е доволна награда и потврда за страшниот напредок кој го бележи во Ајакс.

– Ван Дајк всушност е нашиот најдобар играч целосно гледано во тимот, но можеби најлош кога е иницијативата во прашање во последно време.

– За мене чудно е тоа што се случува со него. Многу е чудно што толку добар фудбалер прави толку малку за Холандија при градењето на акции од самиот почеток. За разлика од него, Тимбер е извонреден. Ајакс почна да игра убаво од позади поради него, а сега тоа се пренесува и во националниот тим. Благодарение на него изгледаме толку добро во градењето на акции, тој прераснува во врвен фудбалер, – вели Ван Батен за „Циго Спорт“.


1 view
bottom of page