top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ван Барле победи со рекордно време

19.04.2022 April Vtornik

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ, ПАРИЗ – РУБЕ

Холанѓанецот Дилан ван Барле, велосипедистот на Инеос гренадирс, победи на еднодневниот „класик“, Париз – Рубе, каде што педесетина км се возат и по калдрма, со најбрзото време на оваа трка долга 257,2 км, за 5,37 часа, и со рекордна просечна брзина од 45,8 км/час. Второто место го освои Белгиецот Вут ван Арт, а третото Швајцарецот Стефан Кунг. За Ван Барле (29) ова беше прв триумф на оваа трка, една од најстарите во велосипедскиот спорт што се вози од 1896 година. На почетокот од месецов, Ван Барле беше втор на Трката околу Фландрија. – Никогаш претходно не сум доживеал да бидам прв на целта, на велодромот. А знам како е да се биде последен, лани во октомври кога бев надвор од временскиот рок и останав без пласман. Но годинава ме лазат морници, не можам да опишам со зборови какво е чувството. Се обидувам да уживам во сѐ што е можно повеќе – изјави Ван Барле. Трката Париз – Рубе, која се нарекува и „кралица на класиците“ или „пекол на северот“ е една од петте класици со највисок профил во велосипедизмот, покрај Трката околу Фландрија, Милано – Сан Ремо, Лиеж – Бастоњ – Лиеж и Џиро ди Ломбардија.


2 views

Comentários


bottom of page