Валкан потег во НБА лигата: Брукс му ја скрши раката на Пејтон, бесниот Кер не го криеше гневот
- Aleksandar Santovski
- May 4, 2022
- 1 min read
Мемфис успеа да направи пресврт во самата завршница и благодарение на Џа Морант ја израмни серијата против Голден Стејт на 1:1, но НБА фановите останаа и зачудени од грубата игра која ја прикажаа домаќините во дуелите со „воините“. Играчите на Мемфис имаа претерани реакции во одредени ситуации, но Дилон Брукс дефинитивно ја премина границата која собори противник додека овој беше во скок и практично со својот нерезонски потег му нанесе голема штета. Брукс го собори Гери Пејтон и му ја скрши раката, што воедно значи дека го натера предвреме да каже крај на фантастичната сезона. Голден Стејт излезе со соопштение дека Пејтон има фрактура на лактот, повреда која е сериозен удар за шампионските амбиции на разиграните „воини“. Стив Кер беше бесен уште на самиот паркет, а по мечот нагласи дека потегот на Брукс бил валкан и надвор од етичкиот кодекс на НБА лигата. – Дилон Брукс го прекрши кодексот, го прекрши правилникот во НБА лигата. Ниту еден играч не смее да ја доведе во прашање сезоната или кариерата на еден колега. Не знам дали тоа го направи намерно, но беше навистина валкано, – изјави Кер.

Comentários