Search
Валенсија го отпушти тренерот по срамниот пораз од Асвел
05.04.2024 April Petok
Вчерашниот убедлив пораз од Асвел ги разбеснил челниците на Валенсија и тие денеска потврдија дека тренерот Алекс Мумбру добил отказ и нема да ја извршува функцијата.
Шпанскиот клуб загуби на домашен терен со 29 поени разлика, со што ги шокираше и своите фанови, пред се и поради важноста на натпреварот во обидот да се избори плеј-ин место во плејофот.
Ова беше втора сезона за Мумбру како тренер на Валенсија, а неговиот тим од солидна позиција во битка за десеттото место, нанижа три порази и во последната рунда има тешко гостување кај директниот ривал Партизан.
Наследник на Мумбру ќе биде Чави Алберт, кој досега водеше екипи од младинската академија, како и клуб филијала на Валенсија.
Comments