top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Валверде со порака до Сити: ЛШ е натпреварување на Реал Мадрид

Реал Мадрид е најтрофеен клуб во Лигата на шампионите, актуелен шампион и тим кој е многу блиску до одбрана на пехарот или поточно до тоа до делат два чекори.

Првиот е Манчестер Сити, екипата со која веќе ја одиграа првата полуфинална рунда со реми од 1-1, па сега следи реваншот на „Итихад“. Тој меч е закажан за наредната седмица, а пред истиот Феде Валверде испрати една порака, предупредување со англискиот првак.

Сити се обидува да испише историја и да дојде до првиот пехар во ЛШ, ама од другата страна е Реал кој има дури 14 титули што беше доволно за Уругваецот да биде директен и порача:

-Играњето во Лигата на шампионите е специјално затоа што е натпреварување на Реал Мадрид. Секогаш е различно од кој било друг натпревар. Се префрлате на различна вибрација, различна енергија, сè изгледа како да е уникатен сон. Тоа е натпреварување во кое секој фудбалер кој е во ервопски клуб сонува да го освои. И за фановите нема ништо поубаво да гледаат како нивниот тим го освојува пехарот затоа што е најважен на клупско ниво. Затоа мислам дека сето тоа се собира во истата ноќ во Лигата на шампионите. Во Мадрид секогаш не учат до крај, така што остануваат 90 минути, -истакна Феде за „АС“.

Реваншот е закажан за 17 мај.


1 view

Comentários


bottom of page