top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Ваков таков“ – ново музичко парче од работилницата на „ДНК“

Updated: Nov 12, 2021

11.11.2021 Noemvri Cetvrtok

„Ваков таков“ е најновото музичко парче што излегува од музичката работилница на „ДНК“. Темата, всушност, е соработка на Панчо и Андреј со Јанг Дади, трап-артист чие време допрва доаѓа.

Текстот на песната е со потписот на Панчо и Јанг Дади, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од групата „Дупер“. Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски, со мала помош од Борис, во чие студио „ЛЦВ“ е и продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Стрики. Веќе стандардно, песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле.

– Снимивме дует со, според нас, еден од најперспективните алтернативни трап-артисти, за кој спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме за Мадрид на студии. Решивме токму забавата да ја преточиме во видео поради одличната енергија и позитивните луѓе што беа присутни, а и затоа што сето тоа беше само дополнување на позитивата во песната – велат Панчо и Андреј од „ДНК“.



1 view

Comments


bottom of page