Вакво нешто не се памети од времето на Шек: Дејвис им ги разби штитовите на „воините“ (Видео)
Првата полуфинална пресметка меѓу Голден Стејт и Лос Анџелес Лејкерс беше во знакот на Стеф Кари и Леброн Џејмс за време на најавите, но на теренот, посебно до израз дојде Ентони Дејвис кој ја направи главната разлика во „брејкот“ на гостите.
„Езерџиите“ отворија со победа на гостувањето кај Голден Стејт и поведоа со 1:0 во дуелите со „воините“, кои рано утрово останаа без своите штитови и мораа да го положат оружјето пред разиграниот Дејвис.
Фантастичниит центар на Лејкерс доминираше под обрачите и забележа плејоф партија каква што не се памети во Лејкерс од времето на Шекил О’Нил, бидејќи стана првиот играч после него кој остварил над 30 поени и 20 скокови.
Дејвис го заврши мечот со 30 поени и 23 фатени топки, учинок кој беше убедливо најдобар во победата на Лејкерси од 112:117.
Очекувано, „веѓата“ имаше голема поддршка од Леброн Џејмс кој имаше дабл-дабл од 22 поени и 11 скокови, додека во противничкиот табор, најефикасни беа Кари со 27 и Томпсон со 25 поени.
На вториот меч во Америка, Њујорк славеше дома над Мајами со 111:105 и израмни на 1:1.
Comments