top of page

Вакво нешто не му се случило на Ѓоковиќ цели 15 години Тенис

28.03.2026 Mart SabotaСрпскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се повлече од претстојниот мастерс турнир во Монте Карло, кој ќе се одржи следниот месец, пренесуваат светските медиуми.

Ѓоковиќ веќе го пропушти и турнирот во Мајами, поради повреда на десното рамо, а очигледно дека сè уште не е подготвен за враќање на терените и продолжување со натпреварувачки ритам.

Иако во последните години често прави селекција на настапите и знае да прескокне одредени мастерс турнири, ова ќе биде првпат од 2011 година наваму српскиот тенисер да не настапи во Монте Карло, што дополнително ја нагласува сериозноста на ситуацијата.

Новак ЃоковиќНовак Ѓоковиќ


 
 
 

Comments


bottom of page