Вака Пехчево се подготвува за празникот:Литературен конкурс по повод Денот на виното и љубовта
Со литературен конкурс по повод Денот на виното и љубовта, Домот на култура „Јане Сандански” од Пехчево продолжува со настаните од областа на културата.
-Литературниот конкурс е за напишана песна, поезија и проза чија тема е поврзана со празникот на овоштарите и лозарите „Св.Трифун” и празникот на вљубените „Св.Валентајн”. Напишаните творби љубителите на пишаниот збор треба да ги достават до домот на културата „Јане Сандански”, кај одговорното лице Валентина Веселинска, информираа од установата.
Конкурсот ќе биде отворен до 13 февруари 2022 година, кој е дефиниран како последен рок за пријавување на творбите на самите учесниците.
Пријавувањето за Литературниот конкурс по повод Денот на виното и љубовта е без ограничување на возраста на учесниците.
Comments