top of page

Важен потпис на „Емирејтс“: Арсенал ја продолжи соработката со играчот кој беше откритие минатата сезона

26.06.2025 Juni Cetvrtok

Арсенал предводен од Микел Артета добро знае што му е подготвен за новата сезона во која клубот ќе влезе со највисоки амбиции за титули како во Премиер лигата, Лигата на шампионите и англиските купови.

„Топчиите“ веќе некое време се компетитивни, меѓутоа им фалат некои нијанси, понекогаш и среќа за да го направат кон исчекор со тоа што се надеваат дека натпреварувачката 2025/2026 ќе биде вистинската, година во која ќе се свртат работите во нивна полза. Јасно е дека Арсенал ќе мора да се засили, да освежи некои позиции, да донесе дополнителен квалитет, ама во исто време клубот не сака да дозволи заминување на играчи кои се важни за сегашноста и иднината како што е случајот со Мајлс Луис-Скели.

Тој се проби кај Артета претходнава кампања, одигра 39 мечеви во сите конкуренции и со тие изданија се избори за нов договор до 2030 година.

-Дефинитивно сум поподготвен сега за следната сезона. Само сакам да продолжам да учам и да се подобрувам. Сакам наследство. Сакам да освојам сè што е потребно за победа во играта. Сакам да освојувам трофеи на најголемите сцени, а воедно да бидам личност која постојано учи и останува приземјена, што е многу важно, -порача Мајлс кој има 18 години и иднината е пред него.


 
 
 

コメント


bottom of page