top of page
Search

Вавринка со лекција на мрежа за еден од најголемите тениски таленти: Еден совет од мене, престани да

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Вавринка со лекција на мрежа за еден од најголемите тениски таленти: Еден совет од мене, престани да плачеш како бебе!

Холгер Руне има само 19 години и важи за еден од најголемите таленти во тенисот, па иако има светла перспектива, многумина наоѓаат забелешки на младиот Данец поради неговото однесување на теренот.

Каспер Руд влезе во директна конфронтација со Руне за време на Ролан Гарос, а очигледно воодушевен од неговиот однос не останал и Стан Вавринка.

Легендарниот швајцарски тенисер вчера пропушти голема шанса да го совлада Руне, но откако не искористи две меч топки во вториот и една во третиот сет, беше казнет во тајбрејкот.

Вавринка загуби од далеку помладиот ривал на теренот со 7:3 во тајбрејкот, но не пропушти да му одржи лекција на мрежа.

– Еден совет од мене, престани да плачеш како бебе на теренот……



 
 

Comments


bottom of page