top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вавринка пушти солзи по поразот во финалето и ги трогна фановите во Хрватска: Знам дека е глупо да с

Вавринка пушти солзи по поразот во финалето и ги трогна фановите во Хрватска: Знам дека е глупо да се плаче….

Станислас Вавринка вчера го одигра првото финале по пауза од четири години и тоа се случи на турнирот во Умаг, но иако го доби првиот сет во тајбрејкот, потоа дозволи пресврт и остана без посакуваниот трофеј.

Швајцарскиот ветеран има страст за тенис и на 38 години и вчера мораше да му подаде рака на Алексеи Попирин кој славеше со 6:7, 6:3 и 6:4, но колку му значи оваа игра можеше да се види и во моментите кога даваше изјава од теренот.

Стен се расплака пред фановите и им се заблагодари за огромната поддршка во текот на неделата, но искрено порача дека ќе настапи и дека ќе може да ги види и наредната година.

– Знам дека е глупо да се плаче, но јас го сакам многу овој спорт. Вие го правите толку специјален…. Имав неверојатна недела, се надевам дека ќе можам да се вратам тука. Ви благодарам за поддршката, ви благодарам што бевте тука, се надевам дека ќе се видиме догодина, – изјави Вавринка, за кого убави зборови имаше и Австралиецот кој победи во Хрватска.

– Ти си легенда на нашиот спорт. Самото играње против тебе е голема чест за мене. Пораснав навивајќи за тебе. Навивав за тебе во секој грен слем финале кое го играше. Навистина те сакам и ја обожавам страста и љубовта која ја имаш кон тенисот, – му се обрати Попирин на Вавринка.


0 views

Comments


bottom of page