Вавринка за „големата тројка“: Тој е совршен играч…
13.02.2024 Februari Vtornik
Стен Вавринка е еден од играчите кој успеа да забележи значајни резултати на најголемата сцена и тоа во ерата на големата тројка, поточно Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер.
Вавринка губеше и добиваше мечеви со асовите кои освоија 20+ трофеи на грен слемовите, ама Швајцарецот во ова време се избори за три пехари на најголемите турнири и тоа во Аустралијан Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен што доволно говори за неговиот квалитет, знаење.
Тој се обиде на направи споредба на споменатата тројка и за еден од нив порача дека е совршен играч.
-Мислам дека секој од нив има различен стил на игра. Рафа е левак и натпреварите со него се многу тешки. Физички и психички е тешко да се игра против него. Рожер е побрз што прави да се чувствувате непријатно на теренот, а Новак е совршен играч! Начинот на кој игра тенис.
-Во неколку наврати имав можност да ги победам, но многупати загубив од сите нив. Секогаш беше одлична можност за мене да играм против најдобрите во историјата на тенисот. Дури и кога губев од нив, тоа сепак беше голем предизвик за мене. Секогаш беше нешто посебно да се игра против нив тројца, -истакнал Стен за „Оле“.
Comentarios