top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

В среда во Битола почнува 18. издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум фест – музика и традиција 2024“

17.07.2024 Juli Sreda

Пред утрешниот почетокот на 18-тото издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум фест – музика и традиција 2024“, организаторот на фестивалот известува за промена на сценските локации.Имено, поради технички причини, целокупната програма на фестивалот ќе се реализира на платото на Офицерскиот дом – КИЦ Битола. Настапот на канадската група Dumai Dunai останува во „Везилка“/Vezilka.

Ве очекуваме заедно со манастирскиот локум да ја прославиме традиција.

Со концертниот настап на македонскиот гитарист Мухамед Ибрахими на платото на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, на 17 јули, со почеток во 20.30 ч, почнува 18-тото издание на балканскиот етно-фјужн-фестивал „Локум фест – музика и традиција 2024“.

Овој фестивал е единствен од ваков тип во земјата, а поради неговата автентичност и континуитет, препознатлив е како на регионално така и на европско ниво. „Локум фест“ е член на неколку професионални фестивалски асоцијации, меѓу која и европската Most music.

Фестивалот својот зародок го има во старата битолска чаршија, од каде што и ја црпи инспирацијата, од локумот и кафето како синоним за средба на културите и негува концепт на промовирање музички стилови од традиционална староградска музика, до ладино, етнофјужн и world music.

Во изминатите седумнаесет години на „Локум фест“ настапиле над 100 музички ансамбли од над 25 земји од регионот и светот.

На сцената во старата чаршија, Офицерскиот дом, Заводот и Музеј, Хераклеја, Широк сокак, настапувале речиси сите релевантни музички имиња од Македонија, како: Баклава, Чалгија саудн систем, Љубојна, Монистра, Тони Китановски и Черкези оркестар, Зоран Џорлев, Стевче Стојковски, Даутовски, Вања Лазарова итн. Карактеристично за „Локум фест“ е што користи културно-историски локации како отворени сценски простори, истовремено промовирајќи ги како културно-туристички атрибут.

Фестивалот припаѓа на групата heritage festivals промовирајќи живо културно наследство како дел од колективната меморија. Изминатите години беа оддржани 17 саеми на креативна индустрија со ЗУР „Македонски ракотворби“, како и изложби на раритети од семејни колекции и од Државниот архив на Македонија – одделение Битола. Годинава, фестивалот го одбележува своето полнолетство, а програмата е умесно конципирана со музички настани, кои во себе кријат амалгам на култури и влијанија типични за регионот и овој дел на Европа, велат организатприте.


3 views

Comments


bottom of page