top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

В недела започнуваат настаните преку кои ќе се одбележи 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

23.07.2021 Juli Petok

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на „Школка“ ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а киното на отворено ќе се одржи в недела со почеток во 20:30. „Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на Школка“, порачуваат од скопската Зоолошка градина.


1 view

Comments


bottom of page