Search
Бјорн Улвеус од АББА: Нашата група има толку глупаво име, но немавме избор
Бјорн Улвеус, еден од четирите членови на АББА, изјави дека шведската поп-група има „толку глупаво име“, што го делат и со „многу позната фабрика за харинга во Шведска“.
„Кога бевме само делумно познати, а доста познати во Шведска, ја снимивме првата плоча под името Агнета, Бени, Бјорн и Ани-Фрид. можеш да замислиш, па ни ги намалија имињата на иницијалите АББА“, раскажа Улвеус, кој ја основа групата со Агнета Фелтског, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.
АББА / Фото: ROGER TURESSON / AFP / Profimedia
И покрај тоа што смета дека името не е добро, музичарот вели дека немале избор.„Исто така, тоа е име на една многу позната фабрика за харинга во Шведска – маринирана харинга, која е многу популарна во Шведска. И моравме да побараме од нив дозвола да го користиме истото име“, рече тој.
АББА / Фото: Per Kagrell / AFP / Profimedia
Улвеус вели дека би било супер ако имале „кул име како Ролинг стоунгс или нешто слично“.„Но, ете сме – како АББА“, вели тој.
Comments