top of page

Буфон ги именуваше наследниците на „тројцата канибали“ во светскиот фудбал

Џанлуиџи Буфон се пензионираше изминатово лето и стави крај на својата богата и долга професионална кариера, по која брзо си најде работа за која можеше да сонува.

Џиџи стана дел од италијанската репрезентација и сега е еден од помошниците на Лучијано Спалети, или поточно, ја извршува менаџерската улога која претходно беше во сопственоста на легендарниот Џанлука Виали.

Како работник во италијанската Федерација, Буфон секако ги следи и најголемите таленти во Серија А, па според него Квича Кварацхелија и натаму е оној кој се издвојува од другите.

Буфон смета дека Грузиецот во иднина може да дојде и до највисокиот фудбалски трон, заедно со Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

– „Златната топка“ не може да се предвидува, понекогаш ја освојувате, или доаѓате блиску до неа. Кварацхелија е талент кој може да се наптреварува со Халанд, Мбапе и останатите кога ќе дојде време за тоа. Тоа ќе се случи кога ќе сопрат со играње канибалите како Меси, Роналдо и Нејмар, – вели Буфон.


 
 
 

Comments


bottom of page