Бугарските медиуми го поврзуваат Бабунски со враќање во првенството на нашиот источен сосед
Дориан Бабунски со двата гола против Пушкаш Академија покажа дека го заслужил трансферот во унгарски Дебрецин, а неговата форма може дополнително да ги зголеми амбициите во летниот преоден рок.
Иако е само еден месец во Дебрецин, бугарските медиуми тврдат дека Бабунски бил заинтересиран да се врати кај нашиот источен сосед и да го носи дресот на ЦСКА.
„Новспорт“ тврди дека Дориан веќе прифатил да се врати во бугарското првенство и ги прифатил личните услови понудени од страна на софискиот клуб кој следната сезона се очекува да има поголеми амбиции.
Бабунски се истакна со одличната полусезона во дресот на Ботев Враца, по што се избори за трансфер во Дебрецин, а останува да се види дали наводите на бугарскиот медиум ќе бидат потврдени.
Своевремено, дресот на ЦСКА го носеше таткото на Дориан, Бобан Бабунски.
Comments